Промоција на збирка поезија од Ивана Харикли
Ова е трета публикувана книга и втора поетска збирка на Ивана (Скопје, Sci-fi Македонија, Балкан). Дополнително, нејзината поезија е забележана во неколку антологии, дигитални публикации, книжевни списанија, локални и меѓународни фестивали. Како и со првата поетска збирка („Минден Вернакулар“), Ивана (тогаш Јујо) повторно, во нејзин изворен стил, настапува мултимедијално. Имено, дел од песните во збиркава се достапни и како музички записи (види: SEERma).
На овој промотивен настан, покрај поезијата и музиката, за прв пат ќе имате прилика да бидете дел и од #мојmuseum.
„Мој музеј е трансмедијална приказна, која почна од потребата за свесно реобмислување и вкоренување на сопствениот глас како жена од Балкан. Со таа цел, пред речиси три години почнав фокусирано да отпакувам интернализирани вредности, инертни состојби и стереотипни наративи, кои ги доживував околу и низ себе“.

- Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон истите. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.