Algiers во МКЦ

Algiers се политички „трезвено“ инди-рок трио што комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз, госпел па дури и рана индустриска музика. Опстојуваат помеѓу Њујорк и Лондон. Почнуваат со работа во 2009 во Атланта, Џорџија кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз-сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел-традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остар фанк. Сите членови на бендот свират перкусии и клавијатури и програмираат тапани. Нивните песни активно се занимаваат со критика на културата преку коментар за традициите во политичките, социјалните и религиозни сфери.

Триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк. Иако и тројцата заминуваат на различни школи и факултети преку океанот, остануваат во контакт на меил и заедно на интернет дискутираат за музика, влијанија и политика.

*Наскоро инфо за билети.

FB event

МКЦ