АКУА НАРУ

За сите почитувачи на ликот и делото на АКУА НАРУ,

Концертите закажани за Источна Европа оваа есен ќе добијат нови датуми. Акуа Нару е артист што важи за empowerment-симбол, рамноправност и е гласен активист. Кога таква жена станува мајка, таа е уште поголема и посилна кон светот, што значи дека со цел да ја даде енергијата што ѝ ја знаеме, оваа турнеја ќе се одвива како продолжение на веќе постоечката, пролетна 2023 турнеја низ Европа. Наскоро вториот дел од источноевропската турнеја ќе биде комплетиран со концертите во Софија, Скопје, Подгорица и уште неколку регионални градови.

* Купените билети може да ги рефундирате преку МКЦ со потпишување изјава, а средствата веднаш ќе ви бидат вратени.


Хип-хоп кралицата во живо во Скопје

Акуа Нару, една од најмоќните хип-хоп уметници се враќа во Скопје со свој соло-концерт, како дел од турнејата “The Black magnificent 2022”. Исклучителната енергија со која го маѓепса Скопје беше ветување дека повторно ќе ѝ се врати на својата публика со која создаде концерт за кој сѐ уште се прераскажува.

Омилената хип-хоп фигура АКУА НАРУ пристигнува со многу нова музика, која нејзините македонски обожаватели ќе ја слушнат на 29 септември во МКЦ. Акуа ќе го претстави својот најнов албум „The Black magnificent“, кој треба да излезе оваа пролет.

Проектот е во соработка со дуото The Ruff Pack од Бруклин.

Билетите за овој концерт се продаваат онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ по цена од 600 денари.


600,- / 750,-

сала 25 Мај