40-тото издание на Скопскиот џез-фестивал дел од програмата ќе ја претстави во Младинскиот културен центар:
Aretha Franklin: Amazing Grace (документарен филм)
18 октомври | 20:00 кино Фросина
Продукција: Al’s Records & Tapes Production
Продуценти: Alan Elliott, Joe Boyd, Rob Johnson, Chiemi Karasawa, Sabrina Owens, Jerry Wexler, Tirrell D. Whittley, Joseph Woolf
Со: Aretha Franklin, James Cleveland, Alexander Hamilton and The Southern California Community Choir
Дистрибуција: SPI International
Година: 2018
Времетраење: 87 мин.
Amazing Grace е извонредeн концертен филм за Арета Френклин, кој го документира враќањето на кралицата на соулот во госпел-музиката во 1972 годинa, со два легендарни настапи, придружена од хор, во една баптистичка црква во Вотс, Лос Анџелес. Таму каде што таа го снимаше истоимениот албум, Amazing Grace, кој доби Греми и стана најдобро продаваната госпел-плоча во музичката историја. Материјалот за филмот го сними режисерот Сидни Полак, но тој заврши во магацините на Warner Brothers, како последица на низа технички и правни проблеми, вклучувајќи ги и оние што ги создаваше самата Арета. Подоцна, кога продуцентот Алан Елиот ги обезбеди правата за него, филмот беше конечно реставриран и комплетиран. Музичките сладокусци чекаа речиси половина век за да ги видат фасцинантните изведби на Арета, кои се сметаат за неспоредливи со било што слично во музиката и кои ја доведоа до екстаза „привелегираната“ публика во црквата во далечната 1972. Дозволата за прикажувањето на филмот стигна по смртта на Арета, од нејзинито семејство.
Blue Note Records (документарен филм)
21 октомври | 18:00 кино Фросина
Со: Herbie Hancock, Wayne Shorter, Lou Donaldson, Norah Jones, Robert Glasper, Ambrose Akinmusire, Don Was, Rudy Van Gelder…
Продукција: Mira Film
Година: 2018
Времетраење: 85 мин.
Blue Note Records, една од најзначајните издавачки куќи во историјата на џезот и американската музика воопшто, беше дом на такви револуционерни уметници како Мајлс Дејвис, Телониус Монк, Џон Колтрејн, Бад Пауел и Арт Блеки, како и на денешните ѕвезди Роберт Гласпер, Амброз Акинмузире и Нора Џонс. Основана во 1939 година во Њујорк од страна на германските еврејски бегалци Алфред Лајон и Френсис Вулф, историјата на Blue Note Records не ги подразбира само легендарните снимки, туку ја содржи и потрагата по музичка слобода, конфликтот меѓу уметноста и парите, како и идејата за музиката како трансформативна и револуционерна сила. Низ раритетните архивски снимки, тековните студиски сесии и разговорите со џез иконите Херби Хенкок, Вејн Шортер и сегашните Blue Note ѕвезди, BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES одгатнува една моќна мисија, осветлувајќи ги виталните врски меѓу џез и хип хоп музиката.
MOOR MOTHER with DUDÙ KOUATE & MATS GUSTAFSSON
22 октомври | 24:00 сала 25 Мај
Каме Ајева (попозната како Moor Mother) е американска поетеса, музичарка, пејачка, визуелен уметник и активист од Филаделфија. Има настапувано на бројни фестивали низ светот, во колеџи, галерии и музеји, соработувајќи со голем број уметници, како Кинг Брит, Роско Мичел, Клаудија Ранкин, Бел Хукс, Никол Мичел, и многу, многу други. Заедно со Рашида Филипс, таа е дел од колективот Black Quantum Futurism. Пејачка и ко-лидер на три групи: Irreversible Entanglements, MoorJewelry и 700bliss. Како Moor Mother таа во 2016 година за етикетата Don Giovanni го издаде својот деби албум „Fetish Bones“, еуфорично пречекан од музичката критика. Тој беше оценет како едно од најиновативните изданија на деценијата. Истата година, за The AfroFuturist Affair, беше издадена и нејзината прва книга поезија. По „Fetish Bones“ Каме постојано реализира голем број нови албуми, кои заедно со нејзините други интердисциплинарни проекти, изложби и резиденции во култни музеи и фестивали во светот ѝ донесоа статус на водечки визионер, борец и раскажувач на црнечката кауза од новата генерација. Репутацијата ја стекна со бескомпромисноста и редизајнирањето на електронскиот ноиз во протестни песни. Со својот длабоко личен музички израз, соединувајќи ги ноизот, политиката и Афрофутуризмот, вокабуларот на хип-хопот и енергијата на панк-рокот, Moor Mother создава нов, огигинален музички „тур де форс“. Во Скопје таа ќе настапи со специјалните гости: Дуду Којате (со кого изминативе години настапуваше и снимаше како дел од Art Ensemble of Chicago) и Матс Густафсон.
Aretha Franklin: Amazing Grace (документарен филм)
23 октомври | 18:00 кино Фросина
Amazing Grace е извонредeн концертен филм за Арета Френклин, кој го документира враќањето на кралицата на соулот во госпел-музиката во 1972 годинa, со два легендарни настапи, придружена од хор, во една баптистичка црква во Вотс, Лос Анџелес. Таму каде што таа го снимаше истоимениот албум, Amazing Grace, кој доби Греми и стана најдобро продаваната госпел-плоча во музичката историја. Материјалот за филмот го сними режисерот Сидни Полак, но тој заврши во магацините на Warner Brothers, како последица на низа технички и правни проблеми, вклучувајќи ги и оние што ги создаваше самата Арета. Подоцна, кога продуцентот Алан Елиот ги обезбеди правата за него, филмот беше конечно реставриран и комплетиран. Музичките сладокусци чекаа речиси половина век за да ги видат фасцинантните изведби на Арета, кои се сметаат за неспоредливи со било што слично во музиката и кои ја доведоа до екстаза „привелегираната“ публика во црквата во далечната 1972. Дозволата за прикажувањето на филмот стигна по смртта на Арета, од нејзинито семејство.
- Настаните ќе бидат организирани со почитување на актуелните ковид-протоколи