Фестивал на планински филм
Во организација на Алпинизам.орг, Ве покануваме да уживате во овогодинешното ЕХО, кое одекнува од планините од целиот свет.
Секојдневно, илјадници луѓе ги живеат своите радости во планините: планинарат, качуваат, скијаат, истражуваат пештери, се пуштаат со кајаци по планинските брзаци, летаат носени од планинските ветришта… Секојдневно таа нечија силна љубов кон природата креира приказни што никого не оставаат рамнодушен.
Ехото создадено во тие авантури, понесено од нивната искреност и едноставност, стигнува и кај нас – нѐ инспирира и мотивира и ние, со уште поголем жар да ја сакаме природата, да се надминуваме и радуваме во неа, да креираме и да ги пренесуваме и ние нашите приказни и да продолжиме да ја пренесуваме таа енергија.
Жири на фестивалот:
- Горан Илија Tрпчевски – снимател и фотограф
- Радован Петровиќ – монтажер и режисер
- Маја Мухиќ – професорка по културни студии, алпинист