ДКЦ

СТУДИО ЗА ТАНЦИ

„ТАНЦ” се занимава со креирање на средина во која дечиња од 5-10-годишна возраст се поканети да танцуваат.

Танцот ќе ни овозможи, уште од најрана возраст, да си го спознаеме телото, да развиеме ритам, преку дружба и креативни задачи да воспоставиме релации, а пред сѐ, на забавен начин физички да се активираме. Ќе се работи според вежби специјално наменети за деца од горенаведената возраст, кои вклучуваат: импровизација на одредена тема, слушање музика и развивање ритам, креирање кореографија, вежби за развивање на меморијата, вежби за моторика и координација. Ќе се работи исклучиво колективно, во група.

Овие часови се за да патуваме!
Овие часови се за да размислуваме на глас!
Овие часови се за развивање на имагинација со страст!
Овие часови се за да сонуваме на глас!

Инструкторка: Тереза Лазарев
terezalazarev@yahoo.com

секоја среда од 18:00

Тереза Лазарев е родена во 1997 година во Куманово. Нејзиното прво танцово искуство започнува во 2014 година, во танцово студио Fusion, Куманово. Завршува тригодишна академија за современ танц под ментортво на Рисима Рисимкин на УГД во Штип, а истовремено како стажант учествува во многу продукции на Скопје танцовиот театар. Има настапувано на интернационални фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка) и др. Има работено со кореографи како: Јотам Палед, Симон Кубан, Александра Петрушевска и др.