ДКЦ

Music Play

Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар, ве кани на уште една интересна дружба која стартува на 12 декември!

“Music Play” – се музички работилници за развој на музикалноста кај децата, со интерактивен и забавен пристап.

На работилниците “Music Play” преку пеење, музика и движење, свирење на детски музички инструменти, ритмички игри и активно слушање на музика, децата ќе се запознаваат со музика од различни стилови и земји, ќе учат за концептите во музиката и колективно ќе музицираат.

  • Работилниците за деца на возраст од 5-7 години ќе се одржуваат секој понеделник од 18 – 19 ч.
  • Работилниците за деца на возраст од 8-10 годиниќе ќе се одржуваат секој понеделник од 19 – 20 ч.

Работилниците се под менторство на Маја Јагликовска која е музички едукатор со долгогодишно искуство во градинки и училишта.

Пријавете се на: jaglikovska@gmail.com

Придобивките од музичката едукација на децата во ран развој се:

– развивање на говорот преку пеење
– развивање на фината моторика и координација преку свирењето на детски инструменти и движењата поврзани со музика
– подобрување на фокусот и меморијата преку изведба на песни и активно слушање на музиката
– подобар социјален развој преку заедничко музицирање во група
– подготовка за понатамошно свирење на инструмент