ДКЦ

ИГРАМЕ ВО СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА

Драги родители и деца,
Продолжуваме со нов циклус работилници со стимулативни игри за деца од претшколска возраст.
Игрите ќе бидат интерактивни, детето се поттикнува активно да учествува во групната динамика при што се стимулира самодовербата и почитувањето кон другите деца.

Вежбите се насочени кон раниот детски развој и ќе им овозможат на децата да ги развиваат своите потенцијали и интереси во согласност со својот индивидуален развоен ритам.

Направивме комбинација од игри, активности со кои се поттикнуваат детските капацитети и потенцијали.

  • вежби за фината моторика и за поттикнување на асоцијативното учење, најчесто со изработка на знамиња;
  • вежбање на моториката на целото тело, вежбаме памтење, асоцијативно учење преку разновидни стимулирачки полигони;
  • стимулираме концентрација и одржување на вниманието преку употреба на принципите на монтесори-педагогијата;
  • ги поставуваме темелите на емоционалната интелигенција, преку игра и разговор учиме да ги препознаваме и именуваме емоциите;
  • вежби за дишење и смирување;
  • развивање на позитивен себе-говор како една од основите за развој на самодовербата.

Преку игривост и креирање на сигурна средина, сакаме да предизвикаме задоволство кај децата, кое понатаму ќе продолжи во креативна самостојна игра и истражување.

Работилниците се наменети за деца на возраст од 4-7 години. Заинтересираните може да се пријават на stimulativnaigra@gmail.com.

Работилниците со стимулативни игри ќе се одржуваат во Детскиот креативен центар при МКЦ во Скопје, секој вторник од 18-19 ч. почнувајќи од 20 септември 2022 година.
Цената за учество за еден месец или четири работилници е 1000 денари. Присуството на една работилница е 300 денари.

Работилниците ќе ги водат психолозите, Александра Гилевска и Ирена Жунгулова, кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја извршуваат секојдневно.