ДКЦ

Драмско студио во ДКЦ

Драмското студио – ДКЦ почнува со редовни часови за деца од 6 до 13 години, поделени во групи според возраста.

КАДЕ? – Драмското студио ДКЦ се наоѓа во просториите на Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар, на вториот кат.

КОГА? – Уписите траат до 29 септември (четврток). Часовите започнуваат на 1 октомври (сабота). Часовите ќе се одржуваат секоја сабота во ДКЦ. Првата група од 11:00 ч. а втората група од 13:00 часот. 

ЗОШТО? – Целта на овие часови е преку игри и забава да се доближи театарската уметност до децата. Таквиот креативен процес ќе придонесе за социјалниот и емоционалниот развој на децата, поттикнување на креативноста, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобро изразување, збогатување на личниот вокабулар, подобрување на самодовербата, контролирање на агресивноста, трпение, когнитивен и физички развој. Исто така, децата директно ќе учествуваат во процесот на креирање на една театарска претстава.

Едукатори на часовите се дипломирани актери.

Месечната претплата изнесува 1000 денари. 

Драмското студио во текот на месец октомври ќе работи во три групи во саботите:

  • 1-ва ГРУПА, (5 до 7 години) од 11:00 до 12:30
  • 2-ва ГРУПА, (9 до 13 години) од 13:00 до 14:30
  • 3-ва ГРУПА, (8 до 10 години) од 13:00 до 14:30