ДКЦ

ДРАМСКО СТУДИО ВО ДКЦ

ШТО? – Драмското студио започнува со часови! Останаа уште неколку места во малата група за деца на возраст од 5 до 7 години!
КАДЕ? – Драмското студио ДКЦ се наоѓа во просториите на Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар, на вториот кат.
КОГА? – Часовите почнуваат до 12 март, секоја сабота од 11:00 (мала група) и 13:00 (голема група)
Часовите се одржуваат секоја сабота, времето е по договор со оформените групи.

Целта на овие часови е преку игри и забава да се доближи театарската уметност до децата. Таквиот креативен процес ќе придонесе за социјалниот и емоционалниот развој на децата, поттикнување на креативноста, ослободување на фантазијата, подобрување на јазичните вештини, подобро изразување, збогатување на личниот вокабулар, подобрување на самодовербата, контролирање на агресивноста, трпение, когнитивен и физички развој. Исто така, децата директно ќе учествуваат во процесот на креирање на една театарска претстава.
Едукатори на часовите се дипломирани актери.

Месечната претплата изнесува 1000 денари.