Апликации

ЗДРАВО МЛАДИ 11 – ПРОМЕНИ ВО РАСПОРЕДОТ

Во втората година од пандемијата, по многу одржани настани, неоткажани фестивали, неуморна работа и за време на карантин и на температури од над 40, и во Скопје и во некои други градови, тимот на МКЦ, за жал, мора да го признае првиот пораз од пандемијата.

За жал, на овогодишното издание на ЗДРАВО МЛАДИ нема да ги гледаме веќе најавените Виагра бојс (Шведска) и Нога Ерез (Израел), кои поради промените на ковид-состојбите и ковид-протоколите во нивните земји го откажаа своето учество на ЗМ.

Од тие причини фестивалот ќе се одржи само еден ден, на 27 август.

Сите оние што веќе имаат билет и сепак ќе одлучат да дојдат на ЗМ (ветуваме дека ќе има што да се види) тимот на МКЦ реши да им се оддолжи со тоа што ќе имаат можност на следното издание на фестивалот да набават билет за половина цена.

Оние што ќе решат да не дојдат, средствата за билетите ќе им бидат рефундирани. Пишете ни на online@mkc.mk или пратете ни порака на некоја од социјалните мрежи.

Се надеваме дека другите вести што следат ќе бидат само позитивни.

Тимот на МКЦ.