Пикник промоција – ЗДРАВО СКОПЈЕ
Книга за еден град полн спомени

Авторското дуо Кокидо и Издавачкиот центар ТРИ ви го претставуваат првиот интерактивен водич за градот: ЗДРАВО СКОПЈЕ – информативна, едукативна, креативна и забавна книга за љубопитни деца, носталгични родители и изгубени туристи.
Eдна мапа, 24 локации, дневник, квиз и куп спомени ги трансформираат овие стотина страници во мала временска машина, која ќе ве однесе на емотивно патување низ градот и минатото на скопјани. Ќе ве прошета по градските улици и булевари, реки и планини, згради и куќи, споменици и музеи, меѓу кои живее духот на еден град… Духот на Скопје од нашите глави и срца.
Да му посакаме ЗДРАВО на ЗДРАВО СКОПЈЕ и да им овозможиме на најмалите да се запознаат со Скопје кое го сакаме.
Оваа недела, 21 април, во 12 часот, кај скулптурата Мече во Градскиот парк.
Добредојдени сте вие, вашите деца, родители, пријатели, миленици, велосипеди, ќебенца и корпи за пикник…

Музика: Ненад Стефаноски – Ехо од далечното минато