За сите Вас, искрени фанови на Толкин и романот “The Hobbit”, Ви подготвивме едно неверојатно новогодишно изненадување!

Вториот дел од фантастичната трилогија, на истиот ден со светската премиера и во Македонија и секако – во 3D!

“Хобит: Пустошот на Смауг” (2013) од 12 декември во кино Милениум со проекции од 20 и 22.30 часот! Звучиме доста возбудено од причина што мислиме дека не постои подобар новогодишен подарок за верната кино публика.

Вториот дел од трилогијата на режисерот Питер Џексон, работена според епскиот роман “The Hobbit” на легендарниот писател J.R.R Tolkien, не носи на уште една фантастична авантура. Приказната продолжува онаму каде што застана во првиот дел “Хобит: Неочекувано патување” (2012), каде Билбо Бегинс патува со волшебникот Гандалф во придружба на 13 дворфови предводени од Торин Океншилд во Кралството на Еребор, одејќи преку маѓепсаната шума Мрквуд, езерското гратче Езгарот и планинскиот крај наречен Дејл со цел да се пресметаат со змејот Смауг.

Ние нестрпливо ја чекаме премиерата, а со тоа, и возбудата расте! Се гледаме во кино!