Почитувани,

Чест ни е да ве известиме дека седмото издание на независната музичка куќа Шарла е првиот албум на бендот SUSIJAT – Safety in Numbness.
SUSIJAT е група од четири момци, сите во своите зрели години, некои од нив и со прилично солидно музичко искуство во позадина. Лазар Дарковски свирел тапани во String Forces, Деан Змејкоски гитара во KLO, Никола Дрвошанов бас гитара во проектот Jazz O’Nick, а единствено Борко Хаџиевски почнува овде.
Нивниот првенец Safety in Numbness е комплексен и зрел албумски став без еднозначни стилски референци, иако на прва можете да го поврзете со американскиот пост рок од раните 1990-ти и неговите стилски деконструкции низ годините. Сепак, овде се работи за крајно свеж и автентичен звук ставен во добро осмислен лирски израз, солидно изведени аранжмани и врвна инструментализација од страна на целото друштво, вклучувајќи го и сугестивниот вокал. Албумот има 10 песни во траење од 55 минути кои ве водат во раскошниот музички полусвет на SUSIJAT, без правила, низ вешто креирана атмосфера до врвно музичко доживување.
На радио станиците и низ социјалните мрежи веќе се вртат двата сингла од овој албум, Pigs и Haze.
Слушачката промоција ќе се случи оваа сабота (4. април) во Ла Кања бар со почеток во 20 часот. Освен на денот на промоцијата, CD-то ќе може да се набави од понеделник низ музичките магазини во Скопје.
Со почит,
Шарла

https://sharla.bandcamp.com/track/pigs-single

https://sharla.bandcamp.com/track/haze-single