Драги пријател(к)и,

Би сакале да ве поканиме да ни се придружите во една нова авантура, наречена СИРОВА КУЛТУРА.

Идејата на проектот СИРОВА КУЛТУРА е 4 пати годишно, на крајот на секое тримесечие, на младите независни и неафирмирани артисти, кои немаат повеќе од 30 години, да им се даде простор и време да го претстават она што го создаваат.

Ако правите авторска алтернативна музика, создавате уникатни уметнички дела, театар, пишувате проза/поезија или драми… Пишете ни на info@mkc.mk, со назнака СИРОВА КУЛТУРА и покажете ни што работите.

Предност ќе имаат апликантите кои делуваат во сферата на некомерцијална, субкултурна и алтернативна уметност.

Испратете ни ваша куса биографија, линк до вашите инстаграм профили, фб страници или you tube канал на кои ја претставувате вашата уметност, или доколку не сте се претставиле на социјалните медиуми, пратете ни некоја од вашите творби на мејлот погоре.

Нашиот вреден и посветен тим, до 15 март 2019, ќе направи селекција на пристигнатите апликации и ќе ги избере десетината најдобри, кои понатаму ќе учествуваат во еднодневен мултимедијален настан на кој ќе бидат претставени нивните дела.

Во однос на продукцијата на делата што ќе бидат претставени на СИРОВА КУЛТУРА, Младинскиот културен центар ќе учествува со своја опрема, простор и логистика.

Ваш,
МКЦ