Moon Duo се нов бенд во програмата на Здраво Млади #6.

Moon Duo е проект на Erik “Ripley” Johnson (Wooden Shjips) и Sanae Yamada, доаѓаат од Сан Франциско, а настапот во Скопје е во рамки на промотивната турнеја на нивниот последен албум Shadows of The Sun, издаден за Sacred Bones Records.

Зенитот на психоделијата, било во уметноста, музиката или литературата е за да предизвика продолжен период на свесност што му влијае на консументот далеку повеќе од самото дело. Третиот албум на Moon Duo, Shadow of the Sun, е целосно напишан за време на една од овие развојни фази – за време на еден редок, но сепак напнат период за одмор, ослободен од постојаниот адреналин од настапите во живо и од нагонот од патувањата низ бескрајните пејзажи. Ова им овозможи на Moon Duo нов простор за да ги изразат сите овие претходни доживувања и да ги сместат, додека работат на албумот, во непознатата средина на еден нов дом – темен подрум во Портланд. Shadow of the Sun е создаден од една таква фаза на споулавеност.

Звукот од нивните први две изданија, Mazes (2011) и Circles (2012) еволуира. Moon Duo – Ripley Johnson и Sanae Yamada – ги развиваат своите идеи со помош на нивната нова парна машина, тапанарот од Канада, John Jeffrey (дел од последното издание на бендот, Live in Ravenna). Нерамномерните ритми и тонови присутни на ова издание се одраз на обидот на Moon Duo за смирување во оваа нова гореспомената средина. Можете да слушнете дека тие се резултат на повеќемесечната битка со длабоки несредени чувства – присутни се бизарни денс-ритмови, повторувачки, груби рифови, космички boogie звуци, па дури и екстатични убави моменти. Албумот е миксан од Jonas Verwijnen, кој имал дозвола за креативна катарза и кој ја преточува формалната техника на албумот во фин и парадоксално здрав звук на конфузија.

 

Покрај холивудската суперѕвезда Elijah Wood со неговото DJ дуо Wooden Wisdom заедно со DJ Fitz, и чилеанските мајстори на психоделијата Follakzoid, новиот проект на Efterklang – LIIMA, Moon Duo се приклучуваат во ова друштво.

Ве информираме дека “Early Bird” билети по цена од 300 денари можете да набавите преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ од 15 март (вторник) до 1 април (петок).

Набавете си билет навреме, многу бргу ќе го објавиме и останатиот дел од програмата за годинешното 6-то издание на фестивалот на нова музика – Здраво Млади!

МКЦ Скопје – 4 јуни, 2016 година.