МКЦ ги вика ѕвездите на помош: БАРАМЕ ПРЕДАВАЧ ЗА ПЛАНЕТАРИУМ

Покрај сите напори да ги објасниме сите природни појави, пригоди и незгоди и сето она што е вселенски необјасниво, решивме дека асполутно не можеме сѐ сами. Особено не кога станува збор за ѕвездите.
Затоа, Младинскиот културен центар објавува повик за квалификувани предавачи во Планетариумот што функционира во рамки на МКЦ, кои имаат основни или стручни знаења од областа на астрономијата и астрофизиката.
Апелираме и до Вас, драги пријатели и поддржувачи на МКЦ, да го споделите овој повик, особено со вашите пријатели на кои небото и космосот не им се само пасија, туку и професионален предизвик :)

Пријавете се тука: info@mkc.mk, со брзина на светлината, ве чека малку побавен одговор.