Почитувани,

Уште еден изведувач во најава.

Сигурно ги помните Efterklang и нивниот прекрасен концерт во Фросина на 13 ноември 2013 година.
Е сега, Efterklang се во фаза на неопределено мирување како Efterklang, меѓутоа јадрото на Efterklang составено од Mads Brauer, Casper Clausen и Rasmus Stolberg, заедно со финскиот перкусионист Tatu Rönkkö го формираат бендот LIIMA.
Бидејќи мотото на Здраво Млади е „new music first”, затоа и го селектиравме овој бенд, кој својот прв албум го издава на 18 март за светски познатата етикета 4AD.
Нивниот деби албум “ii” содржи песни пишувани на нивните патувања во Хелсинки, Берлин, Истанбул и Мадеира. Секое од овие места влијае на звукот на песните, а атмосферата од овие градови се вткајува во семпловите.
Секое нивно патување за време на 4-неделното снимање на албумот завршува со концерт во живо и премиерни изведби на свежо снимените песни.
Скопската публика на Здраво Млади ќе може премиерно на Балканот да го преслуша албумот во живо.

Покрај холивудската суперѕвезда Elijah Wood со неговото DJ дуо Wooden Wisdom заедно со DJ Fitz, и чилеанските мајстори на психоделијата Follakzoid, имаме уште еден бенд во ова фино друштво. Liima на Здраво Млади #6.