Многу музички бендови звучат како Koop, но Koop звучат како никој друг. По 10 години борба, Oscar Simonsson, композиторот и продуцентот што стои зад шведската џез/електронска сензација Koop, замина од сцената на која се одржа последниот концерт на овој бенд. Koop издадоа три албуми, кои се сметаа како пресвртна точка во електронската сцена – “Sons of Koop”, ”Waltz for Koop” и ”Koop Islands”. Иако никогаш не беа во центарот на вниманието, нивната идеја ја пренесуваа нивните фанови и андерграунд сцената, додека не дојдоа до точка кога нивната музика беше комплетно разбирлива.

Концертот е во организација на МКЦ & Password Production.
Билети во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ по цена од:
300 денари – до 17 март
400 денари – од 18 март до 13.април
500 денари – на ден на концерт – 14 април!

МКЦ Скопје
14.4.2016
KOOP OSCAR ORCHESTRA во живо!