hp_mkc Сликнете другарска фотка, ставете #mojHPdrugar и освојте печатач HP Ink Advantage 5525.

Четвртото изданиe на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ! си доби уште еден другар – Хјулит – Пакард Македонија!

Историски, Хјулит-Пакард започнува како “другарски” бизнис на Бил Хјулит и Дејв Пакард, кои како другари од Универзитетот Стенфорд основаат компанија со двајца вработени во една изнајмена гаража во познатата Силиконска долина. Работејќи со лимитирани ресурси, ова динамично дуо создало серија на производи кои подоцна ќе станат императив во она што се нарекува лидерство во технолошки иновации и корпоративна култура. По 75 годишно успешно работење, Хјулит-Пакард денес е водечки светски бренд во понудата на хардвер, софтвер и сервис за крајни корисници!

За Хјулит-Пакард, “пријателството е она што започна сè”, а за нас, почеток на едно, се надеваме, долго пријателство.
HP Македонија ни понуди пријателство, ние го прифативме!
Ајде – приклучете се и вие!

Она што треба да направите e само да го покажете вашето другарство преку една фотографија.Таа фотографија објаветe ја на вашиот ФБ, Инстаграм или Твитер профил под #mojHPdrugar или #мојХПдругар, и другарството започнува.

Најинтересната другарска фотографија ќе биде наградена со печатач HP Ink Advantage 5525, па ќе можете во иднина самите да си ги печатите моментите, и трајно ги меморирате спомените!

Наградната игра трае до 23 мај, денот на одржување на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ, а добитникот ќе биде објавен на самиот настан.

Сликајте се, споделувајте и лајкувајте, па се гледаме на ЗДРАВО МЛАДИ!