Logoa 2

Другари, ја продолжуваме приказната на проектот „Градот убав“ со уште една галерија на улична уметност.

Повторно распишуваме повик за избор на авторски цртежи, кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав“ или „Skopje street and art gallery 2“.

Повикот е отворен за сите домашни ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност.
По одлично реализираната прва галерија на отворено во рамки на еден од најзначајните објекти од современо Скопје – Градскиот трговски центар, продолжуваме со втората галерија која ќе се реализира во катната гаража „26 Јули”.

Деталите и сѐ што треба да направите можете да најдете тука: повик

Активностите ќе се реализираат од 20-22 декември 2019 година.
Материјалот електронски можете да го доставите најдоцна до 10 декември, 2019 година, на адресата: info@mkc.mk со наслов на пораката: Име и презиме / Skopje street and art gallery 2.

Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје.
Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).

ЈУ Младински културен центар
www.mkc.mk