На точно 3 месеци до шестото издание на фестивалот на нова музика – ЗДРАВО МЛАДИ!, ви го најавуваме и еден од најуникатните бендови од Јужна Америка, чилеанскиот состав Föllakzoid.
Föllakzoid почнуваат со работа пред седум години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера.
Во нивниот најнов албум, III, бендот сака да го прошири и збогати звукот со создавање атмосфера главно со монохорди и со повторувања. Откако сами го снимаат и миксаат албумот во нивното студио во BYM Records, тие соработуваат со германскиот електронски маестро, Atom TM за да им даде душа на synth деловите во албумот. Повеќето од звуците што тој ги даде беа атонични електронски звуци, обидувајќи се да постигне цврсти фреквенции и семплувани органски гличови. Прв „газда“ на сајзерот Корг на кој свири Atom TM е Florian Schneider од Kraftwerk.
III е минималистичко звучно патување во четири дела во кое можете да слушнете како музичкиот јазик на Föllakzoid се развива во нешто пооптимистично, поопскурно и остро, а истовремено поедноставно во однос на елементите. Во текот на минатата година, бендот отсвире повеќе од 80 концерти, меѓу кои и на Primavera Sound Festival (и во Порто и во Барселона), на ATP Festival во Британија, Musique Volantes во Лион, и на Lollapalooza Chile. Концертите за најновиот албум III, го раширија нивниот замаглен госпел и на уште поширока публика.
Издаваат за една од најактивните и најинтеренси издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Recоrds.

Здраво Млади #6 е закажан за 4 јуни 2016 и досега потврдени изведувачи се WOoden Wisdom DJ Set (Elijah Wood & Zack Cowie), Dj Fitz, Föllakzoid.
Од понеделник и дополнителни информации за продажба на “early bird” билети како и надополнување на програмата со уште изведувачи.
Здраво Млади 6
МКЦ Скопје
4.6.2016

http://follakzoid.com/

https://www.facebook.com/FOLLAKZOID/

https://follakzoid.bandcamp.com/