ОТВОРЕН ПОВИК за првиот фестивал на светлосна уметност
Универзална сала Скопје го организира првиот фестивал на светлосна уметност, кој ќе се одржи на 6 октомври 2018 година во Старата скопска чаршија.
На фестивалот може да се пријават домашни автори и автори од странство, кои работат во сферата на светлосната уметност, светлосните инсталации, видеоарт технологијата како и уметници што го користат светлото како начин на визуелно и уметничко изразување.
Сите заинтересирани може да аплицираат на отворениот јавен повик кој ќе трае до 20.08.2018.

Преземи апликација: Фестивал на светлината