„Златна рамка“ е годишна ревија на македонските филмови произведени во минатата календарска година. Настанот ќе трае три дена и ќе бидат прикажани 25 филмови, поделени на документарна, краткометражна и долгометражна програма. Почнувајќи од годинава, овој настан ќе биде редовна отчетна ревија на актуелната македонска кинематографија. Ова е единствена можност публиката и критиката да ги погледнат сите наши филмови на едно место. Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници на Македонија.

*проекциите за сите филмови се бесплатни

Распоредот на проекциите видете го овде

Сподели