Жив ѕид“ е мултимедијален настан, на кој главно се зборува за литература, но и за многу други нешта поврзани со неа. Се одржува на домашен терен, во МКЦ, а има за цел на ѓурултиско-нетипичен начин да ја одбие топката на некултурата, или да ја принуди да заврши високо над голот (сите да ѝ се смеат). Живиот ѕид е составен како од млади, така и од поискусни играчи, а за да нема дупка во него и да се постави како што треба, се погрижува стручниот штаб на Младинскиот културен центар.
Вуци, Џипун!!!

Првиот гостин во „Жив ѕид“ е Фросина Пармаковска, добитничка на наградата Роман на годината за нејзиниот роман „Одбројување“. Ќе зборуваме за неа, за романот, за
литературата, за Париз, за црвеното вино, за Жилбер Беко, за Гејнзбург… И за Перо Блажевски ;)
Селектор на составот и главен провокатор е Иван Шопов.

25 јуни, Плато МКЦ, 20:00 ч.

Сподели