ГРЧКИ МУАБЕТИ СО ПЕТАР АНДОНОВСКИ
Во првиот летен ЖИВ ЅИД гостува писателот Петар Андоновски, кој од своите престои во Грција освен со потемнета кожа најчесто се враќа и со нов напишан роман. Домаќинот Иван Шопов ќе го замуабетува гостинот околу неговите одисеи на Крит, креативниот поттик што го добива од своите островски одисеи, преведувањето од грчки јазик, неговото искуство со македонско-грчките културни контакти… Ако доволно се опуштиме, ќе го прашаме и дали се плаши од Варвари.
Помеѓу муабетите, Петар Андоновски ќе биде љубезен и ќе нѐ освежува со својот избор на грчка музика.

Сподели