Во третото издание на ЖИВ ЅИД со своето присуство ќе нѐ почестат двајца добро познати скопски ликови – Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски.

Добри познавачи на скопскиот асфалт, ќошиња, меани и пајажини. Автори на повеќе поетски и прозни книги, од кои посебно ги издвојуваме „Градот што веќе не е мој“ (Јовица Ивановски) и „Урбани топоними“ (Ѕвездан Георгиевски).

Домаќинот Ѓоко Здравески, низ муабет, читање и по некоја пијачка со гостите, ќе проба да покаже зошто еден град без своите писатели е како сутлијаш без цимет, кафана без кариран чаршаф, ѕид без графити…

Сподели