МУЗИЧКА ПРОГРАМА

Култниот англиски пост панк-ноиз бенд The Membranes во рамки на ексклузивната балканска турнеја на 7 септември ќе бидат специјални гости во МКЦ, во рамките на настаот по повод отворање на муралот на групата ЗЕРО.

The Membranes се оформени кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век во Блекпул, а со својата музика и неверојатно енергичните настапи во живо го отворија патот за бендови како Big Black, Sonic Youth…
The Membranes се првиот бенд што потпишал договор со славната издавачка куќа Creation records (My Bloody Valentine, Jesus and Mary Chain)
Легендарниот радиоводител John Peel редовно пуштал песни од The Membranes во своите емисии, а во 1984 нивна песна се наоѓа на 6-то место на неговата топ 50 листа.
По шест студиски албуми и повеќе стотици концерти бендот решава да земе пауза, која трае/ше „само“ 19 години.
Нивната манијакална енергија на бината и нивната музичка имагинација влијае на целата андерграунд сцена во осумдесеттите, за што лидерот на бендот и пејач, а подоцна и новинар John Robb пишува во своите книги (на пр. Death To Trad Rock).
Во 2009 година The Membranes повторно се активираат по долгата пауза да настапат на фестивалот “All Tomorrows Parties” на повик на My Bloody Valentine и Shellac.
Минатата есен бендот го објави и новиот албум (по 26 години пауза), а албумот “Dark Matter/Dark Energy” наиде на пофалби и од страна на критиката, и од страна на фановите.
Веќе цела година бендот е на константна турнеја и настапуваат на големи фестивали (Glastonbury), како и мали клубски свирки, и како гости на турнеи со нивни стари пријатели (Stranglers, Therapy?).
The Membranes секогаш имале огромна поддршка од колегите музичари, а нивни големи фанови се Mark Lanegan, Kevin Shields, Mogwai, Mercury Rev, Godflesh, The Pop Group, Steve Albini…
Инаку, лидерот на бендот John Robb e поранешен член на Goldblade, бенд што има настапено во Скопје во 1995 година во рамки на легендарниот Т Фестивал.
John Robb денес е еден од највлијателните музички критичари и уредник на веб сајтот www.louderthanwar.com

http://www.themembranes.co.uk/
https://www.youtube.com/watch?v=kE9taFzaKx8
http://www.facebook.com/themembranes
http://louderthanwar.com/musicians-and-authors-quotes-on-the-membranes/

Како локална поддршка на концертот на The Membranes ќе настапи најпознатиот скопски акустичен арт-терорист на денешницата, апокалиптичниот експериментатор, Волтер Мани Ал Хаким. Како и секој терорист, тој се појавува одненадеж и исчезнува како некаква чудесна мелодиска поплава, дисонантно одѕвонувајќи по калдрмите на умот. Познат е по неговата хипнотичка избувливост и страст. За оваа прилика тој ќе настапи само на еден електричен инструмент и на радиоприемник, со композиции што изобилуваат со меланхолична апокрифна дистанца, варирајќи од инди-рок па сè до некаков дистанциран и етерично ангажиран глобален политички контекст. Го нарекуваат кантавтор на буката и теророт, човекот што ниту сонува ниту е буден, тој едноставно го отсликува модерното секојдневие.

Изданија:
Света вода / 2015 http://kritika.mk/album/sveta-voda-kritika-001/
Брсјачки сказни / 2016 https://kritikamk.bandcamp.com/album/-

Специјални гости на настанот се СИЗ, бенд што ќе ги придружува The Membranes на целата балканска турнеја со настапи во Софија, Белград, Нови Сад, Загреб и секако Скопје.
Секогаш одлични во живо!

https://www.youtube.com/watch?v=2xLP7426S2I - Stop
https://www.youtube.com/watch?v=k43DDtsHZ8I - Joy
https://www.youtube.com/watch?v=PsiUNYiiRw4

Настанот ќе биде збогатен со проекција на два кратки документарни филма во кино Фросина, АКТ и ZERO RECYCLED – SRI CHARSHY, во режија на Ацо Станковски.

21:00

AKT
Режија: Александар Станковски
Музика: Александар Пејовски
Во продукција на Пиреј Филм во соработка со Обликовна и со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на РМ

Времетраење: 13 мин.

АКТ е анимиран филм во траење од 13 мин, во кој на еден поетски начин се претставува една од најприсутните теми во историјата на ликовната уметност, а тоа е претставата на голото тело, кое било непресушна инспирација за многу значајни творци. Уметноста на голото тело може да биде еден вид иницијатор на една фасцинантна медитација на обликот и уметничкиот пристап, кој ќе не поведе на едно неочекувано и возбудливо патување низ големите стилски периоди, каде што актот честопати доминира како естетски мотив. Токму тоа е намерата на овој анимиран филм, да го поведе гледачот на едно поетско патување низ сите стилски промени низ кои проаѓа имагинацијата на уметникот при восхитот од совршената креација на мажот и жената на нивното телесно и психолошко битие.

22:00

ZERO RECYCLED – SRI CHARSHY (2012)

Режија: Александар Станковски
Сценарио: Александар Станковски, Стефан Шашков
Директор на фотографија и монтажа: Стефан Шашков
Музика: Александар Пејовски, La Colonie Volvox, Банкрот Блуз Бенд
Продуценти: Стефан Шашков и Ненад Трифунов-Карамаз

Играат:
Горанчо Ѓорѓиевски, Сашо Гигов – Гиш
Перица Ѓорѓиев – Пепси, Игор Тошевски
Синиша Цветковски, Ибрахим Беди
Златко Трајковски – Хинки, Александар Станковски
Кирил Поп Христов – Кили, Кире Галевски

Времетраење: 58 мин.

Видеозапис за неформалната уметничка група Зеро, која во еден момнет од својата виртуелна кариера доби шанса да ја претставува својата света земја пред возвишениот светски уметнички аудиториум, собран на веќе едновековната традиционална смотра на уметноста во древниот град Венеција на 54-тото Венцијанско Биенале насловено како “ILLUMinations”. Но нештата никогаш не излегуваат според планот, а ова посебно важи за потфатите на групата Зеро. И така една формално естетски замислена поставка се претвора во помалку налудничава авантура на протагонистите, кои во последна инстанца почнуваат да наликуваат на маратонци што низ маченички процес стигнуваат до местото на поставката. Тоа се најмладиот и најновиот член на Зеро, Горанчо Ѓорѓиевски и неговиот медиски чувар, Маршалот. Минувајќи низ галиматијас од случки, екстраординарни и апсурдни, тие создаваат една ретка приказна, која случајно или не, е овековечена во овој видеозапис.

 

7 СЕПТЕМВРИ
МКЦ
21:00
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН

Сподели