Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е во мода веќе. Фестивалот Земјотрес е ритуал за јакнење на заедништвото на квалитетната македонска музичка сцена, со желба да покажеме релевантна содржина во време на инстант потрошувачка и вредности вон континуитет. Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, се побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби.

Земјотрес е директна комуникација помеѓу генерациите, музичките стилови и навидум различните интереси на нашите музичари. Широка платформа за презентација на едно постоење, но и постојана промена. Некомерцијален манифест во интерес на духовната и економска оправданост на нашето музичко шаренило. Вашето присуство е директна инвестиција во солидна иднина. Придружете ни се, заедно сме сцена. А, да…и сила.

Во 8-мото издание на фестивалот ги имаме настапите на:
BarumBarum, Blackstate, Conspiracy, Culture Development, Daktili, Dragi Ivanov, DS Collective, Filch, Флукс, Galatheia, Last Expedition, Mirko Popov, MvrSvr Production, PMG Kolektiv, Robotek, Sashko Kostov, Sethstat, Shock Troopers, Svetlost, Vidinovski, Voltaire Mani Al Hakim, Zulu 3.4

* Распоред на настапи ќе биде објавен по 25 јануари. *

Земјотрес 8 • Свежа домашна музика

сабота, 1 февруари 2020, почеток: 19:00, крај: 05:00
Локација: Младински Културен Центар

Претпродажбата на влезници (во ограничен број) започнува на 8 јануари 2020 на билетара на МКЦ и на bileti.mkc.mk по цена од: 150 ден. (први 200 влезници), 200 ден. (до 20 јан.), 250 ден. потоа.

fb.com/zemjotresfest
twitter.com/zemjotresfest
#zemjotresfest #zemjotresfestival #земјотресфестивал #земјотресфест #земјотрес

Сподели