„Ми треба соба, да прими пет илјади луѓе со дигнати чаши во здравица“
Милан Младеновиќ
“Буди сам на улици”/“Биди сам на улица”

Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е во мода веќе. Фестивалот Земјотрес е ритуал за јакнење на заедништвото на квалитетната македонска музичка сцена, со желба да покажеме релевантна содржина во време на инстант потрошувачка и вредности вон континуитет. Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, сѐ побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби.

Земјотрес е директна комуникација помеѓу генерациите, музичките стилови и навидум различните интереси на нашите музичари. Широка платформа за презентација на едно постоење, но и постојана промена. Некомерцијален манифест во интерес на духовната и економска оправданост на нашето музичко шаренило.

Потпомогнати од постарите, Земјотрес полека но сигурно отвара сè повеќе простор за новите генерации и свежи имиња. Вашето присуство е директна инвестиција во солидна иднина. Придружете ни се, заедно сме сцена. А, да…и сила.

Настапуваат:
• 3Grama & Silent G
Anna O.
Matej Foltz
Funk Shui
Goran Kan
Herzel
Irie Scratch x Gloomié
Ki Oficijalna Stranica
• Mirko Popov
Monoglitch
Pikolomini
Pluto’s Doubts
Reduced To Ashes
• SAM x Druggy
Stagnator
ЅРЕТИ
The Local Blue
• Bodan Jamakoski
• Димитра
• Исток Улчар
Kulturno Umetnicki Rabotnici
Пепел
Фосфен // Fosfen

Земјотрес 7 • Свежа домашна музика
+++++++++++++++++++++++
сабота, 2 февруари 2019, почеток: 19:00, крај: 05:00
Локација: Младински Културен Центар

Претпродажбата на влезници (во ограничен број) започнува на 14 јануари и истите можат да се набават на билетарницата на МКЦ по цена од 150 ден. за првите 500 посетители / 200 ден. потоа.

fb.com/zemjotresfest
twitter.com/zemjotresfest
#zemjotresfest

Сподели