Првата понуда помина. Кој искористи да купи карта за 300, верувајте дека веќе е добитен!

Одиме скалило погоре… Денес објавуваме 3-ца изведувачи и картата „оди“ на 400 денари.

Оваа понуда ќе трае до 15 јуни, искористете ја.

Првите три комада што ќе „затресат“ гитара, бубањ, ем други инструменти на сцена, се:

Минималистичка гаражна психоделија – WOODEN SHJIPS
Benjamin John Power а.к.а една половина од Fuck Buttons а.к.а BLANCK MASS
Уличен краутрок од Берлин – CAMERA

Покерашки кажано… „Потот“ помина, вадиме трилинг на маса и покачуваме улог на 400.

Кој игра?

Сподели