Во период кога миграциската криза ги полни насловните страници на печатените и електронските медиуми низ светот, „Македокс“ во рамките на партнерскиот проект „Докувизија“ на 9 декември (среда), со почеток во 20 часот, во Џебното кино на МКЦ, ќе го прикаже документарниот филм „Засолниште“ (The Shelter) на швајцарскиот документарист, Фернанд Мелгар.
Мотивиран од миграциите и лажното гостопримство на Европа, филмот зборува за социјалните тегоби во современите општества и човечката резигнираност како одговор на истите.

Филмот истовремено ќе биде прикажан во Загреб, Љубљана, Белград, Призрен, Подгорица и Скопје.

По филмот ве покануваме да останете на дискусија со тимот од „Македокс“ и публиката од останатите градови.

Сподели