Скопскиот бенд „YÖU“ ќе го промовира својот прв албум „We sing the blues“. Концертната промоција е закажана за сабота, 21 јануари, во 21:30 часот, во бифето на МКЦ.

YÖU се млад бенд, кој постои од 2015 година и досега имаат свирено неколку концерти во Скопје, како и во други градови низ Македонија. Моментално се во процес на букирање на нивната прва Европска турнеја, која ќе се одржи во мај 2017.

Албумот е снимен во Alshar Studio – Скопје, микс и мастеринг Ивица Јанкуловски- Шравче, во октомври 2016.
Дизајн на омот: Марко Крстевски (Omowsky).

YÖU го сочинуваат: Марко Крстевски (гитара, вокал), Мартин Митевски (бас гитара, вокал) и Тејка Васиљевиќ (тапани, вокал).

На самиот концерт ќе може да се набави и ЦД од новиот албум.

Билетите се во претпродажба само на касата на МКЦ по цена од 200 денари, а на денот на концертот по 250 денари.

Сподели