На големо го спремаме најдоброто издание на Cinedays кое започнува на 13.ноември. Неколку дена пред почетокот на 13.издание на фестивалот се собираме во Кино Фросина на концерт на XIU XIU и локалните Арлекин!

Xiu Xiu

Со име позајмено од кинескиот филм „Xiu Xiu: Sent Down Girl“, Xiu Xiu се формираат во Сан Хозе, Калифорнија, во состав – Cory McCullough, Yvonne Chen (издавач на инди – фанзинот Zum), Lauren Andrews и Jamie Stewart. Пред да ги основаат Xiu Xiu McCullough и Stewart свиреле во бендот Ten in the Swear Jar. Пред објавувањето на нивниот прв албум, Knife Play (издаден на винил од етикетата Absolutely Kosher и на диск од 5RC/Kill Rock Stars), бендот се појавува на повеќе компилации.
Набрзо по издавањето на Knife Play, етикетата Springman издава заедничка плоча на Xiu Xiu и Deerhoof. Пејачот Stewart е споредуван со Robert Smith од the Cure, додека бендот влече од пост-панкот, synth-попот и авангардната музика како и од режисери и автори како David Lynch, Todd Solondz, Elfriede Jelinek, V.S. Naipaul и Yukio Mishima. Во 2002, го издаваат EP-то Chapel of the Chimes. Следната година го издаваат A Promise и EP изданието со ограничен број примероци, главно акустично Fag Patrol, а на почетокот од 2004 г. излегува еден од нивните најприфатени албуми кај широката публика, Fabulous Muscles.

Xiu Xiu се неуморни и во 2005 г. и го издаваат албумот La Forêt, а издаваат и сплит-сингл со Devendra Banhart. Петтиот албум на бендот, The Air Force, кој е снимен од Greg Saunier, се појавува во есента, 2006 г., а истата година излегува и EP-то со преработки, Tu Mi Piaci. Албумот Women as Lovers, издаден во 2008 г. е едно од нивните најпривлечни и најгруби дела, со Michael Gira како гостин на преработката на „Under Pressure“. Caralee McElroy, која му се придружува на бендот за албумот The Air Force, ги напушта во 2009 и почнува да работи со бендот Cold Cave; Таа е заменета со Angela Seo, која работи со Stewart и Saunier на албумот Dear God, I Hate Myself, кој е многу повеќе електронски и поп. Две години подоцна, бендот ја одбележува својата десетгодишнина со Always, кој се занимава со злосторствата на војната („Gul Muldin“), со маките на кинеските работнички емигрантки („Factory Girls“) и со правото на избор („I Luv Abortion“) и е посветено на верните фанови на бендот. Бендот Sal Mineo, соработка помеѓу Xiu Xiu и Eugene S. Robinson од Oxbow, го издава истоимениот деби албум во април 2013 г. за Important Records. Додека бил на турнеја со Swans, Steward добил инспирација да преработи песни од Nina Simone. Изданието Nina на кое учествуваат џез виртуози и авангардни музичари како Tim Berne, Tony Malabe, Mary Halvorson и Andrea Parkins, како и долгогодишниот нивни соработник Ches Smith, се појавува на кајот на 2013 г. Набрзо потоа, во јануари 2014 г. се појавува и изданието Angel Guts: Red Classroom – кое е насловено по јапонскиот еротски филм од 70-тите и кое беше најавено како најмрачниот албум на Xiu Xiu.
http://xiuxiu.org/

Сподели