Во бифето на МКЦ ќе се оддржи уште еден метал настан во Април под името „When the Crows Fly Way“. Неофицијално, ова ќе биде загревање за концертот на Decapitated и Hate, кој ќе биде само еден ден подоцна, исто така во МКЦ. Цената на влезницата е 150 денари и картите ќе може да се купат непосредно пред почетокот на свирката. Настапуваат:

Metanoia: Учесници на овогодишниот Лузер фест. Свират прогресивен метал со прилично доста џент и амбиентални моменти.

Short Fuse Hero: Класичен хардкор. Свират нешто повеќе од една година, а веќе имаат многу настапи на своето CV, меѓу кои Infinity Festival во МКЦ и Sofia Spring Carnage III.

Cortex: Победници на ланскиот Лузер фест. Настап на Егзит 2015. Одличен дет метал, кој со секоја нова песна прогресира и го оформува својот оригинален звук. Зад себе имаат и едно EP, кое го издадоа во јули 2015.
Apotheosis: Веќе неколку години се на македонската метал сцена. Деби албумот насловен „Shadow and Sound“ го издадоа во Јуни минатата година, кој го промовираа и надвор од нашите граници. Заедно со Short Fuse Hero настапуваа и на Sofia Spring Carnage III во март, оваа година.

Grimaze: Четворочлен треш метал состав од Софија. Зад себе имаат едно EP и се во процес на снимање албум. Се забележува силно влијание на бендовите како Warbringer и Gojira.

Citizen Erased: Многу млади дечки што свират комбинација на Metal Core & Hardcore. На нивната балканска турнеа ќе го промовираат новиот албум, кој првпат ќе биде пуштен во продажба токму на 22-ри април во МКЦ.

Сподели