Промоција на книгата „Во светот на децата“ од Габриела Точко, која ќе се одржи на 15 мај 2019 година (среда) од 18 до 20 часот во просториите на Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар во Скопје.

Книгата „Во светот на децата“ содржи 36 детски песнички, од кои еден дел се модерни и во чекор со времето, а еден дел имаат поучна тематика и опфаќаат животни вредности кои треба да се почитуваат, а се наменети за најмладите читатели на возраст од 8 до 12 години.

Ова е прва книга на Габриела Точко и идејата за нејзиното промовирање е сосема поинаква од досегашните. Во создавањето на книгата и нејзината промоција се вклучени единствено децата, кои на еден посебен, оригинален начин ќе им претстават дел од песничките на своите другарчиња.

Затоа Ве покануваме сите „големи и мали“ да присуствувате на оваа наша дружба, да бидете дел од оваа приказна и два часа да се забавуваме и уживаме.

Сподели