Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар ве канат на магично патување!

Во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“!

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар!

Диригирање и аранжман: Џијан Емин
Солист: Ади Имери – вокал и гитара

И годинава на подарок добивате добра книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

* Корицата од книгата е дело на нашиот неодамна починат академски сликар, Нове Франговски, од циклусот „Собитија“, 2012, фрагмент (80Х100), масло на платно, за што Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар му се благодарни на семејството што ја отстапија за оваа пригода.

Да славиме заедно!

Сподели