30 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАНИЛО КИШ

Данило Киш како писател влезе во легендите уште за време на својот живот. Тој со својата поетика изврши големо влијание во поранешните југословенски простори, но и пошироко во Европа и во светот. Рецепцијата на неговите дела во Македонија е исклучително значајна, и тој има голем број почитувачи и познавачи на неговото дело кај нас. Прозата на Киш е прустовски сензитивна, борхесовски интелектуална и инвентивна, документарно базирана врз литерарни и паралитерарни извори, врз цитати, автентични или лажни, постојано разоткривајќи мотиви од писателовата автобиографија. Сето тоа е направено во духот на новите литерарни и теориски промислувања, актуелни во неговото време, но чии поетички аспекти се валидни и денес. Данило Киш е поет, есеист, преведувач, цртач и брилијантен полемичар. Негови познати дела се „Мансарда“ и „Псалм 44“ (1962), „Градина, пепел“ (1965), „Рани јадови“ (1970), „Песочник“ (1972), „Гробница за Борис Давидович“ (1976), „Час по анатомија“ (1978), „Енциклопедија на мртвите“ (1983), како и есеистичките книги „По-етика“ (прв дел, 1972), „По-етика“ (втор дел, 1974), „Homo poeticus“.

Наратори и аниматори на вечерта се Данило Коцевски и Ѓоко Здравески. Ќе бидат читани извадоци од делата на Киш, како и видеоматеријал од интервјуа со авторот.

киш-1 киш-2 киш-3

Сподели