Мултижанровското трио TRUS! е новото откритие на словенечката музичка сцена, а во 2013 издадоа дури 2 албума, од кои деби албумот First Step (Moonlee Records, ZARS) е прогласен за албум на година од страна на култното Радио Штудент, како и според други релевантни словенечки медиуми.

TRUS! успешно комбинираат со разиграноста на панк рокот, палавоста на инди-електрониката и заводливоста на треш поп-от. Разноврсното музичко искуство на членовите на бендот се одразува и на нивниот непредвидлив музички израз, што јасно може да се почувствува и во нивните песни, низ која струјат хектични и снажни испади, нежни атмосфери и живописна разиграност. Во загонетната музичка мешавина на групата TRUS! може да се препознаат влијанија на широк спектар на бендови како што се Animal Collective, Deerhoof, Bilk, Milemarker, Stereolab и Trans Am. Сепак, тоа и понатаму не ги обфаќа сите аспекти и разноликоста на нивната музика, причина повеќе да ги начулиме ушите и едноставно да и се препуштиме на музиката.
TRUS! се:
Јелена Русјан – бас, гитара, вокал
Боштјан Симон – сајзер, саксофон, вокал
Марко Ласиќ – тапани

Сподели