25 јули, плато МКЦ, во живо: ТИ, Dojo и Lepi Xhoni. Концертот е во рамките на програмата на Младинскиот културен центар, именувана: Рефрени за летно освежување (За Вас забавано, за нас работно).
Почеток: 21:30, влез слободен.

На почетокот на 2014, белградското дуо ТИ ги почести фановите со првото долгосвиречко издание насловено „Видимо се“. Албумот во самиот старт ги освои срцата на се’ побројната фан база, но не ја остави рамнодушна и критиката во целиот регион. Албумот содржи девет сонливи, емотивни, речиси хипнотички песни. Како и претходното издание, и ова изобилува со заразни гитарски мелодии одсвирени од страна на Илија Дуни, пријатни бас мелодии одсвирени на синтисајзер, и фин ритам кој Трајче Николовски го диктира на својот електронски тапан.
ТИ не ве оставаат рамнодушни, нам во МКЦ ни се еден од новите омилени бендови, а „Видимо се“ комотно може да претендира да биде албум на годината (доколку на крајот на годината би правеле топлиста на најслушани албуми во просториите на МКЦ).
Ние сме возбудени и со нетрпение очекуваме повторно (по 3 пат) да ги нагостиме Илија и Трајче во Скопје и тоа на 25.јули, на платото пред МКЦ со слободен концерт за сите кои не се на одмор (а не има мноооогу).

Рецензии:
http://www.terapija.net/koncert.asp?ID=16697
http://www.terapija.net/koncert.asp?ID=16777
http://afirmator.org/atticfestivalpsihodelijatriphopisurfovanjeudvoristupetebeogradske/
http://www.hellycherry.com/2013/09/provetravanjevecehelijumskihglasova.
http://kultivator.hr/tividimoseselfreleased2014
http://www.nin.co.rs/pages/article.php?id=86269
http://www.mladina.si/155390/tividimose/
http://stereoklip.com/home/?p=5921
http://www.ravnododna.com/tividimosemalivelikibend/
http://www.potlista.com/recenzije/tividimose

DOJO

DOJO е songwriter/lo-fi/филмско/музички проект со примеси на изворно пеење. Под псевдонимот DOJO се потпишува новосаѓанката Дуња Дачиќ, а доколку ви се интересни Thom York, Pj Harvey, Grimes, Bat for Lashes, Patti Smith, Nina Simone, Philip Glass, John Williams, Massive Attack и слични изведувачи, тогаш и оваа млада симпатична дама ќе го задржи вашето внимание.

Музика: https://soundcloud.com/dojod
Видео: http://vimeo.com/39329836
Социјални мрежи: https://www.facebook.com/dojodunja // https://twitter.com/dojodunja
Интервјуа:
http://www.mixcloud.com/FEMKANJE/046femkanjegošćedunjadačićdojoiverglšpil13022014
http://www.terapija.net/interwju.asp?ID=18681

lepi xhoni

Lepi Xhoni е соло проект на ултра креативниот и емотивен Љупа Ангелов во друштво на неговата гитара и пар електронски геџети стационирани во популарното скопско DownTown студио. После долго време Lеpi Xhoni ќе ја истопори цела опрема на бина и ќе ја соголи душата пред гладната скопска публика. Синглот Среќа од изданието „Песни“ [PMGrecordings 094] е избран за македонски сингл на годината според стотројка. „Песни“ може да се преслуша на следниов линк - http://lepixhoni.bandcamp.com

 

 

Сподели