ЗДРАВО МЛАДИ 2014

The Soft Moon е американски neo-post-punk бенд од Оукленд. На почетокот, во 2009, The Soft Мооn е само соло-проект на главниот продуцент, пејач, композитор и инструменталист во бендот, Луис Васкез. Тој издава два сингла, „Breathe the Fire“ и „Parallels“ и истовремено работи на неговото прво Self Titled ЛП. Пред издавањето на плочата, Васкез вложува енергија да создаде бенд од овој соло-проект, за да може да оствари потполно чувствено искуство преку лајв-перформансите. The Soft Moon користат и визуелни елементи на сцена како придружен дел од нивните настапи, кои често вклучуваат и лајт-шоуа и визуелизации. Нивната музика е спектар од повеќе жанрови како краутрок, пост-панк, психоделија, world music и дарквејв. На 23.05, за прв пат во Македонија. Проверете зошто The Soft Moon патуваа заедно со Depeche Mode на последната турнеја.

Сподели