Танцова претстава од деца за деца

Драга бестрашна публико!

Колектив Ветерница и волшебникот Мишкин Ве покануваат на 20 мај во МКЦ на една сосема нова и непредвидлива авантура за темниот бакнеж на сонцето и месечината, кој ќе ескплодира во безброј магични сплетки на шумските самовили, нивните сестри вештерки и браќа гаврани.

Кога за прв пат месечев лак, нежно покри сончев зрак,
насекаде настапи мрак – за вселенска љубов тоа беше знак…

Но, залудно на двете страни им беа огледало дале оние од горе што ги создале. Само својот одраз им беше важен, за туѓиот спокој одразот им стануваше тажен.
Секој со другиот во костец се фаќа, заборавија дека се сестри и браќа.

20.5.2019 (понеделник)
МКЦ Кино Фросина
19:30 часот
Билет: 150 денари
Резервации на билетарата на МКЦ

„Темниот бакнеж“ е завршна претстава на трите групи по танцов театар во оваа учебна година.

Сподели