CINEDAYS #14 се крчка…
најавуваме богата филмска програма проследена со мнооогу добра музичка програма….
SUUNS & JERUSALEM IN MY HEART се првите потврдени имиња.

19 номври 2015 – МКЦ Скопје.

——————————————————————————————————————————————————————

Suuns and Jerusalem In My Heart

Почнувајќи ја нивната заедничка приказна во ноември 2012 година, Suuns (Ben Shemie, Liam O’Neill, Max Henry и Joseph Yarmush) и нивниот долгогодишен пријател Radwan Ghazi Moumneh (Jerusalem In My Heart ) изнајмуваат студио на една недела. Идејата била заедно да работат на груби скици за песни и да снимат што е можно повеќе материјал без каква било селекција. Сесијата била успешна, од неа произлегуваат повеќе високо енергични песни збогатени со тешки аналогни синтисајзери, арапски влијанија и електронски сензибилитет.
После ова, снимките долго ќе останат во фиока.

И двата бенда издаваат индивидуални албуми и почнуваат да одат на турнеи. Помеѓу турнеите успеваат да одвојат малку време за доработување на материјалот, но сепак поминува цела година пред песните да стигнат до публиката. Овој заеднички бенд свиреше на фестивалот Pop Montreal 2013, а потоа повторно имаа концерт во март следната година.

И тогаш проектот фаќа залет. Бендот ги преснимува и ги преработува песните во летото 2014 г. и конечно, додека се на турнеја во октомври, ги преснимуваат вокалите и го завршуваат миксањето. Radwan Ghazi Moumneh од Jerusalem In My Heart ги компонираше песните и ги миксаше повеќето, додека и Max Henry од Suuns работеше на дел од миксањето.

Настапите се главно перформанси при што материјалот не се свири секојпат исто, нота по нота, туку повеќе се насочуваат кон пресоздавање на возбудата од првобитните студиски сесии.

Сподели