Промоција на првата стихозбирка „Шумови“ од младата поетса Благица Трајкоска

„Шумови“ е илустрирана стихозбирка, а илустрациите, како и сликата на насловната корица се дело на авторката Благица Трајкоска. Во книгата се застапени 40-тина песни, поделени во четири циклуси: „Општество“, „Самопочит“, „Битки“ и „Љубов“.

Книгата во разговор со авторката ќе ја престави Јулијана Величковска.

Промотор и модератор: Јулијана Величковска

Понеделник, 4.11.2019 г. во МКЦ – фоаје на кино „Фросина“ од 20.00 часот.

Сподели