Промоција на првата стихозбирка од Викторија Ангеловска„Станица 15“, издание на ПНВ Публикации

Промотори:
Ѓоко Здравески
Јулијана Величковска

МКЦ Галерија, среда, 22 мај, 20.00 часот

„Чита човек и не знае – девојче ли пишува или старица полна искуство. Се впрегнуваат двата гласа и влечат на својата страна секој, создавајќи така спрега што раѓа и звук и смисла. Викторија Ангеловска е новиот глас на македонската книжевност, а нам ни останува да го набљудуваме отстрана нејзиното растење и да се надеваме дека ќе продолжи да пишува.“ – Ѓоко Здравески

„Низ песните, полни со вдишан воздух и издишување кон нова возраст, љубовта како прегратка ги милува сите стравови и пренесува едноставност, чистина во изразот. Песните на Викторија воопшто не флертуваат, напротив, тие раскажуваат состојби. Тие се преживувања, доживувања, пресликувања. Тие се глас на новата генерација, во телото и мислата на една девојка.“ – Ана Голејшка Џикова

„Викторија пишува како да плете, со внимание и одмереност, со префинето чувство за јазикот и стилот, со емоции и мисла подеднакво насочена и кон сегашниот миг, но и кон минатото и иднината. Пишува небаре плете џемпер од љубов наменет за најдрагата личност… Нека ве гушне оваа топла книга како омилениот џемпер, нека ви биде утеха… И ќе ви каже дека македонската книжевност има иднина!“ – Јулијана Величковска

Сподели