Ова е како силувана верзија на Velvet Underground од страна на Spacemen 3, преоблечена во нео-психоделија, со фолк печат и со нијанси на shoegaze.
Нивниот моќен звучен ѕид создаден од хипнотична мелодија и од дива заситеност од пулсирачки dark noise ќе ве одведе на незаборавно музичко патување.
Shindig Magazine ги нарече „една од најдобро чуваните тајни на psych-от“.
Drowned In Sound ги спореди со Brian Jonestown Massacre, помешани со соничниот интензитет на A Place To Bury Strangers.

Минатата година овој бенд од Doganella Del Ninfa, Италија им го привлече вниманието на пионерите на Psych Nouveau, The Black Angels, што резултира со заеднички 10“ сплит сингл, при што собраа неверојатни критики и беа премиерно објавени на Consequence Of Sound и на Exclaim.
Брзо по формирањето во 2012 година, Sonic Jesus го издаваат истоименото ЕП, нивно прво издание и речиси веднаш го распродаваат, по што следува нивното неверојатно деби во Лондон во The Shacklewell Arms. Оттогаш, тие двапати се појавија на компилацијата Reverb Conspiracy (што ја составуваат Fuzz Club и Austin Psych Fest) и постојано се на турнеја низ Европа. Имаат настапувано со Damo Suzuki, а имаат и соработка со легендарниот исландски артист Jón Sæmundur aka Nonni Dead од Dead Skeletons кој го изработи дизајнот на омотот за ЕП-то и настапи со нив на Eindhoven Psych Lab 2014.
Откако цели две години ги оставија фановите да чекаат нов материјал , тие оваа година го најавија излегувањето на нивниот деби албум „Neither Virtue Nor Anger“, двоен LP во издание на Fuzz Club Records, на 16 април 2015 г.
Снимен во нивното студио помеѓу 2013 и 2014 година, Neither Virtue Nor Anger е нешто повеќе од шарената мешавина од стара психоделија, фолк, краутрок, shoegaze, пост-панк, што се чувствува уште во првата трака Locomotive. Како што тече материјалот, така се претвора во сериозна галопирачка Bacchanalia, зачинета со хипнотичен вкус и дисторзирана атмосфера како во Faust. Како некакви опскурни церемонии за грчко-римските мистични ритуали, песните My Lunacy и Cancer се совршен саундтрак за футуристичкиот и дистописки Satyricon на Фелини.
На албумот се појавуваат и цртежи на истакнатиот италијански уметник Mirco Maracci. Неговите дела беа изложени во Palazzo Taverna во Рим, во 2014 г., заедно со делата на Енди Ворхол, Џорџо де Чирико (Giorgio De Chirico), Кеит Харинг (Keith Haring) и Амедео Модилјани.
Neither Virtue Nor Angeris е миксан од Fabio Vedardo во Circle Digital Studio и мастериран
од Brett Orrison во The Austin Recording Service. Му претходеше видеото за Lost Reprise,
дело на Emanuele Manco. Бендот ја започнува европска турнеја на крајот на март 2015 г. На 16 април имаат концерт по повод издавањето на албумот во The Waiting Room, во Лондон.
Повеќе од Sonic Jesus на:
www.sonicjesus.com
www.soundcloud.com/sonicjesus
www.sonicjesusband.bandcamp.com
www.facebook.com/sonicjesus
www.fuzzclubrecords.com
“Underground” од Sonic Jesus на The Reverb Conspiracy” Vol I
www.sonicjesusband.bandcamp.com/album/the-reverb-cospiracy-vol-1-double-lp-vinyl
“Reich” од Sonic Jesus на The Reverb Conspiracy” Vol II
www.sonicjesusband.bandcamp.com/album/the-reverb-conspiracy-vol-two

Сподели