Здраво млади! Mалата мечка ве кани музичка предигра:

Slowdive – “Slowdive“, во придружба на планетариумска проекција.

Понеделник, 22 мај, 21 часот. Планетариум, МКЦ.
. . .
Не така одамна, на 27 февруари 2015 година, се собравме мало друштво (присутните нека воздивнат) и во скопскиот планетариум го слушавме и сонувавме “Pygmalion” на Slowdive. Вселенската капсула, исполнета со љубовна пареа и оргазмични вибрации, се лансираше во непознат правец.

Две години подоцна, Slowdive имаат нов албум и доаѓаат во Скопје. Што повеќе? Малото друштво повторно ќе се собере.
. . .

Билетите чинат 100 денари и се достапни на билерницата на МКЦ.
Капацитетот на планетариумот е 70 места.

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

Сподели