Дебатниот клуб ЛАЛЕ се приклучува кон одбележувањето на 400 г. од смртта на Вилијам Шекспир.
Во редовниот термин – среда, 6 април ќе го прикажеме култниот филм на режисерот Акира Куросава, „Kрвавиот престол“ (Throne of blood) од 1957 г. Филмот е една од најуспешните адаптации на шекспировиот Макбет. Главната машка улога ја игра легендарниот Тоширо Муфуне.
МКЦ, Џебно кино во 20 ч. Влезот е слободен!
Во текот на месец април клубот планира уште две филмувани адаптации според дела на Шекспир.

Сподели