Двајца соло изведувачи, SEINE, или Иван Шчапец (ВЛАСТА ПОПИЌ) од Хрватска и домашниот кантавтор Марко Крстевски а.к.а MARKO GREYHOUND.

SEINE настана во средношколските денови како кантавторски израз на Иван Шчапец, текстописец и гитарист на Noise/punk/pop бендот ВЛАСТА ПОПИЌ. Водејќи се од својот внатрешен нежно/агресивен сензибилитет, на гимназиските акустични вечери полека стекнува слава како духовен сродник на американското фолк-фрик движење.
По неколку демо-снимки, на романтичниот поединец му се приклучува и Тена Рак, која на себе ја зема обврската да пее заднински вокали, свири хармоника и перкусии.
Во тој период и двајцата ја започнуваат приказната со ВЛАСТА ПОПИЌ. Како и да е, на почетокот на 2011 излегува првиот албум насловен „2007-2009“, и веднаш после тоа стартуваат и концертите низ регионот.
Песните на Seine се наоѓаат на радиобрановите сѐ почесто во следниот период, а песната „Валцер за крај“ се наоѓа на компилацијата на „Bistroa na rubu šume“.
Во 2014 година излегува и првото ЕП издание, а истата година и третото издание, одличниот концерт во живо од белградскиот клуб „REX“. на средината на 2015 Тена Рак ја напушта групата и Seine се враќа во оригиналната моно-постава. За прв пат во СКопје, МКЦ е местото каде што треба да бидете.

MARKO GREYHOUND
Под влијание на направи сам/a етиката и фолк-панк музиката реши да ја земе својата гитара и искрено да стои зад секој кажан збор.

Сподели