Драги наши,
Ве покануваме и оваа сабота, на 19 мај, на уште едно суперзабавно матине во паркот пред МКЦ, од 12-16 ч.
Тема на ова матине е старата добра стоковна размена, или размена на производи без употреба на пари. Но, бидејќи истата ќе биде зачинета со DJ сет на Андреј Мицајков + караоке шоу, кое ќе го води Зоки Бејбе, настанот го нарековме Beat пазар :)
Матинето ќе го оплемениме и со некои фини работи за грицкање.
Од вас очекуваме:
-> да донесете максимум 3 производи што сакате да ги размените (книги, облека, накит, ламби, транзистори, плочи, стрипови…)
-> да испиете неколку живи јајца утрото пред матинето
-> да испеете една-две песни
-> да се дружите и забавувате
Распоред на часови:
12:00 – 14:00 – DJ сет на Андреј Мицајков и стоковна размена
14:00 – 16:00 – Караоке шоу под диригентство на Зоки Бејбе

Се гледаме во сабота од пладне!

Сподели